Архитектура и градба - категорија

обѕида повеќе

обѕидаат
Вид збор: Глагол, свршен
Загради, огради или обложи нешто со ѕид.
Примери:
Тие го обѕидаа дворот околу куќата.

објект повеќе

мн. објекти
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што е изградено.
Англиски: object Албански: ndërtes
Примери:
индустриски објекти

облакодер повеќе

мн. облакодери
Вид збор: Именка, машки род
Висока зграда на многу катови.
Англиски: skyscraper

обнова повеќе

(едн.) обновата
Вид збор: Именка, женски род
Враќање, доведување на нешто старо, разурнато во поранешната состојба.
Англиски: renewal, restoration Албански: rindërtim
Примери:
обнова на земјата

огниште повеќе

мн. огништа
Вид збор: Именка, среден род
Место во куќата или место воопшто каде што се пали оган.
Англиски: fireplace Албански: vatër, zjarr
Примери:
Децата легнаа покрај огништето.

одѕида повеќе

одѕидаат
Вид збор: Глагол, свршен
Растури тоа што е изѕидано.
Примери:
Мајсторот го одѕида ѕидот зашто излезе дека е крив.

одморалиште повеќе

мн. одморалишта
Вид збор: Именка, среден род
Зграда, објект што се користи за престој за време на одмор.
Англиски: vacation home
Примери:
детско одморалиште

одмориште повеќе

мн. одморишта
Вид збор: Именка, машки род
Поширок простор меѓу скали што служи за одмор.
Примери:
Тој тргна по скалите, но се задиша, па подзастана на одмориштето.

окце повеќе

мн. окца
Вид збор: Именка, среден род
Направа во вид на мало кружно прозорче што служи за ѕиркање низ врата.
Англиски: spy glass Албански: tejqyrë, sy dere
Примери:
Ѕирна преку окцето да види кој доаѓа.

опера повеќе

мн. опери
Вид збор: Именка, женски род
Зграда во која се изведуваат оперски дела.
Албански: opera
Примери:
Се подотера на брзина и се стрчна кон операта.

оплата повеќе

мн. оплати
Вид збор: Именка, женски род
Рамка од штици за оформување градежен објект.
Англиски: boarding
Примери:
Мајсторите ја поставија оплатата пред да почнат со бетонирање.

општина повеќе

мн. општини
Вид збор: Именка, женски род
Седиште, зграда во која е сместена општинската администрација.
Англиски: municipality Албански: komunë
Примери:
Пред општината имаше многу народ.

основа повеќе

мн. основи
Вид збор: Именка, женски род
Цртеж, план, хоризонтална проекција на некој објект.
Англиски: outline Албански: në bazë të

осумкатен повеќе

осумкатниот
Вид збор: Придавка
осумкатница
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш